1872 Clive Christian- еден од најдобрите парфеми на сите времиња
Брендот Clive Christian е основан во 1999 година кога истоимениот англиски дизајнер ја презема Crown Perfumery, позната куќа за парфеми основана во Лондон во 1872 година и именувана по кралицата Викторија која ја одобри употребата на кралската круна како знак за квалитет.
Clive Christian комуницира со ликовна уметност, оживувајќи ја милениумската традиција на мирис, луксуз, потрагата по совршенство и традиција...
Сето ова ги прави парфемите на овој бренд соврпени и многу скапи. Посебно внимание се посветува на машките парфеми. Еден таков е и 1872 For Men Clive Christian. Тој е ставен во категоријата на едни од најдобрите светски парфеми на сите времиња. Едноставно е неодоллив.
Се работи за ароматичен мирис на цитрус за мажи. 1872 For Men беше промовиран во 2001. Носот зад овој мирис е Геза Шоен. Топ ноти се ситно жито, лимета, грејпфрут, праска, бергамот, лаванда, рузмарин, ананас, галбанум, бибер, мандарина и морско оревче;
Средните ноти се мускатна жалфија, кадифе, бела фрезија, циклама и јасмин;
Основни ноти се вирџинија кедар, мошус, лабданум, килибар, олибанум и пачули.
Потенцирано е дека овој парфем не е за секого, всушност само за џентлмени со стил до перфекција. И секако, многу е скап, околу 500 евра.