3 неуспешни бракови и дури 4 раскинати веридби! Сите љубовни бродоломи на Џенифер Лопез

Фото: Инстаграм/ entertainmenttonight

Изминатиов период многу прашина на светско ниво се крена за веридбата, односно раскинувањето на веридбата на поп дивата Џенифер Лопез и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез. Најпрво кога во јавноста се пишуваше за наводно раскинување на веридбата поради трето лице, односно поради неверство од страна на Алекс, дивата и Родригез ги негираа овие информации, а вчера, само неколку недели по наводните шпекулации, тие самите во заедничка ексклузивна изјава за „Today“ потврдија дека подобро функционирале како пријатели и подобро така и да останат.

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да продолжиме да го правиме тоа. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме еденсо друг на нашите заеднички работни места и проекти. Си посакуваме се‘ најдобро еден на друг и на нашите деца. Од почит за нив, единствениот друг коментар што мора да го кажеме благодарам на сите што ни испратија љубезни зборови и поддршка“, пишува во официјалното соопштение за јавноста.

Ако имаше свадба за латино дивата, ова ќе беше четврти брак. Нејзината љубовна историја беше многу бурна и интересна, но се чини дека Џенифер, иако е една од најпосакуваните жени на планетата, нема многу среќа кога станува збор за љубовта.

Неколку пати и даваше шанса на љубовта, следуваа три неуспешни брака, па дури и ја раскинуваше свршувачката четири пати. Постојат и некои други сериозни врски што се распаднаа поради несовладливи разлики. Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил под будното око на светските медиуми, а ова се некои од нејзините врски што и беа најинтересни на јавноста.

Џеј Ло првпат се посвети на вечна љубов во 1997 година со кубанскиот келнер Оџани Нои, но тие раскинаа по само 11 месеци и не беа во идилична врска. Тој ја запозна латино дивата Оџани во Мајами, каде што работел во ресторанот на Глорија Естефан.

Токму таму ја шармирал Џенифер и тие започнаа врска. По неколку месеци врска, тие застанаа пред олтарот на 22 февруари 1997 година, но нивниот брак наскоро се распадна. Само по една година, поточно во јануари 1998 година, парот одлучи да се разведе.

После тоа, латино убавицата се зауби во раперот Паф Деди, со кого помина две години. Тие раскинаа поради неговото наводно неверство во 1999 година.


„Никогаш не го фатив со жена, но само знаев дека ме изневерува. Тој ќе ми речеше ќе одам во клуб со пријатели, а потоа тој нема да дојде дома цела ноќ, па дури и неколку дена“, рече еднаш повредената пејачка . Иако нивната врска заврши бурно, двајцата тврдат дека останале во пријателски односи.

После тоа, нејзината верба во љубовта ја врати Крис Џад, еден од нејзините придружни танчери од почетокот на нејзината кариера. Вљубениот Крис ја запроси атрактивната Џенифер по кратка врска, а тие се венчаа во 2001 година. И овој пат славната пејачка немаше многу среќа, па овој брак траеше дури и пократко од првиот. После една година се разведоа, а Џеј Ло призна дека не била лесна одлука.

„Го сакав Крис, односно сè уште го сакам - тој е еден од најдобрите луѓе што ги познавам. Не беше лесно да се раскине, но едноставно немавме нешто што требаше да го одржи бракот и да работи“, рече таа по вториот развод.

Можеби нејзиниот брз развод имаше врска со новиот човек кој влезе во нејзиниот живот. Станува збор за холивудскиот заводник Бен Афлек, за кого многумина предвидоа дека е вистинскиот. Двојката се сврши наскоро откако се запознаа и започнаа да планираат венчавка во Санта Барбара.


Афлек издвои околу два милиони долари за прстенот, а дијамантот беше во розова нијанса. Целата церемонија беше откажана неколку месеци пред датумот, а веридбата беше прекината. Падот наводно се случил поради неговата развратна ергенска забава во стриптиз клуб и фактот дека имал огромни проблеми со коцкањето. Двојката помина вкупно две години заедно.

Токму кога сите помислија дека е недостижна и дека едноставно нема среќа во љубовта, Џенифер го запозна музичарот Марк Ентони, а потоа започна најголемата љубовна приказна во нејзиниот живот. Парот ја круниса својата страствена врска со брак во 2004 година, само неколку дена откако Ентони се разведе од поранешната сопруга. Многумина беа во шок, но Џеј Ло и Марк изгледаа вљубени до уши.

Венчавката се одржа во нивната вила во Беверли Хилс пред само 40 гости. Двојката ги доби и близнаците Макс и Ема, а важеа за хармоничен пар без проблеми. Сепак, во 2011 година тие објавија дека се разведуваат, но останаа во пријателски односи поради нивните деца.

Истата година, пејачката влезе во романса со 18-годишниот танчер Каспер Смарт, а на оваа бурна врска и дојде крајот во 2016 година. Се ширеа гласини дека на Џенифер и е преку глава од Каспер, но на крајот се испостави дека не може да му преболи безброј измами, а исто така се чувствувала како да ја користи - наводно му давала 10 000 долари неделно!

После тоа раскинување,Џенифер беше сама една година, а потоа во 2017 година, во нејзиниот живот влезе сродна душа, како што го нарекуваше . Пензионираниот атлетичар Алекс Родригез ја израдува како никој досега, ако се верува на тврдењата во медиумите.

Две години Џенифер едноставно зрачеше со љубов, не се одделуваше од згодниот спортист. Но, сега заврши оваа љубовна приказна на латино дивата. Медиумите неодамна шпекулираа дека за врската одлучувало наводното неверство на Алекс со ријалити ѕвездата Медисон Ле Крој.

Самата Медисон ги негираше овие обвинувања, велејќи: „Не се видовме, само се допишувавме. Физички, тој никогаш не ја изневери својата свршеница со мене“, беше наведено во нејзината изјава. Колку долго Џенифер ќе биде сама и дали ќе најде теха во нова љубов, останува да видиме.