Човек со метла бркаше чудно животно низ домот и врескаше: Се бореше со неа додека не му скокна (ВИДЕО)

Многумина знаат како доаѓањето на непоканет гостин може да биде трауматично искуство

Овде, се разбира, не мислиме на редовни гости, туку на животни како глувци кои можат да упаднат во вашата куќа и да направат вистински хаос. Глувците и другите глодари можат да направат хаос, не на предмети во куќата, туку во вашата глава кога ќе ги видите. Изгледа дека нема жена која нема да вреска кога ќе ги погледне, а мажите се чини дека не се многу похрабри кога се во прашање овие животни или други слични на нив.

На социјалната мрежа TikTok се појави урнебесно видео од маж кој се бори со верверица. Иако на почетокот се чинеше дека брка упорен глушец низ собата, на крајот се покажа дека е верверица која не се знае дали случајно влегла во нивната куќа.

Покорпулентен човек со метла во раката се обидува да допре до верверица која претура низ драпериите и завесите за да скокне на подот и повторно да ја заобиколи целата куќа, оставајќи го човекот преплашен и избезумен. Мажот не можел да го следи нејзиното движење, но на видеото може да се слушне неговиот врисок и да се види избезумен поглед поради ова животно кое не можел да го контролира. Цело време тој плачеше и врескаше обидувајќи се да стигне до верверицата, додека авторот на видеото уживаше и се смееше на оваа сцена.

Многумина се насмеаа на оваа глетка, а некои рекоа дека ќе треба време за да се опорави вознемирениот човек.

@afvofficial That scream is driving him nuts! #afv original sound - AFVofficial


- На овој човек после ова ќе му треба терапија.

- Тоа е само симпатична верверица.

- Жити Бог, дај ѝ на жената нека го допре бебето.

- Се смеам, бидејќи ова би можел да бидам јас.

- Кутрото бебе...

- Брат, не го можам ова... врескам од смеење! - се дел од коментарите.

Прекрасната верверица насмеа многу корисници на интернет, а луѓето се согласија дека мажите се исто како жените во вакви случаи, едноставно не сакаат да го признаат тоа. Некои коментираа дека да се има верверица како домашно милениче е многу предизвикувачка ситуација, бидејќи тоа е динамично животно кое „не се задржува“, а исто така е многу итра и брза.

Многумина се согласија дека оваа сцена им го разубави денот, велејќи му на авторот на Foto: Printscreen/Tik-Tok/afvofficial видеото дека може да експериментира со музика што ќе придонесе за комедијата.