Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?
Дали знаете дека осигурувањето на домот чини колку еден ручек? А сигурноста која ја овозможува е непроценлива.
Осигурувањето на имот на физички лица (домаќинско осигурување) во земјава е на исклучително ниско ниво, или не повеќе од 7 отсто од вкупниот број на домаќинства. Ако овој процент го намалиме со хипотекарно осигурување кое е задолжително при кредитно финансирање на купувањето на недвижности, доаѓаме до статистички 3 отсто доброволно односно самосвесно креирани полиси во сегментот имот – физички лица.
За споредба,во Хрватска речиси три четвртини од домаќинствата имаат осигурување на имот, во поразвиените економии во Европската Унија процентот на осигурани домови е над 95%, додека просекот во регионот на Централна и Источна Европа е околу 42 отсто, според извештајот на ГфК.
Просечниот износ кој се вложува за осигурување на имот во 2024во Европа е 160.70 евра, во Југоисточна Европа процентот веќе паѓа на 62,38 евра, додека во Македонија просекот е околу 40 евра или 2.400 денари.
Несомнено е дека процентот на осигурување зависи од животниот стандард во земјата, од просечната плата, но сите искуства и анализи велат дека сепак доминантен фактор се културолошките навики и животниот стил. Тука, пред сѐ, пресудни се едукацијата и свесноста за потреба од осигурување на домот.
Дали вие го имате осигурано домот?
-Не го осигурувам домот затоа што којзнае колку е скапо тоа!
Најчесто, граѓаните немаат ниту најмала претстава за цената на чинењето на една годишна полиса за осигурување на имот. Тоа е така бидејќи цената на овие полиси е различна за секој поединичен случај, т.е имот. Ова е еден од факторите кои ја отежнуваат одлуката луѓето да се заинтересираат за осигурување на имотот. Секој од нив треба да побара понуда/пресметка, за да ја дознае цената на полисатаза осигурување на неговиот имот.
-Немам осигурување на имот затоа што мала е веројатноста дека ќе имам штета.За жал, податоците го покажуваат спротивното. Од година во година сведоци сме на зголемен број на штети настанати од природни непогоди, како што беа земјотресите во блиското соседство во Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина; потоа, поплавите кои ги зафатија регионите во Словенија, Хрватска и Македонија; електричните празнења и громови станаа зачестена појава секое лето во Македонија и пошироко, како и градот и невремето кое уништуват кровови, посеви и плодoви секоја година. Пожарите низ Македонија станаа очекувана нужна последица на високите температури во летниот период, па подготовките за брза реакција се сега од круцијално значење за државата. Но, осигурувањето на имотот и домовите од пожари сѐ уште е недоволно застапено.
Кога зборуваме пак за штети во домот предизвикани од трети лица, како провални кражби, кршење прозори, стакла, излевање одводни цевки од соседи и слично, статистиката исто така бележи пораст во случаите. Веројатноста дека ќе имате потреба од осигурување на домот станува сѐ поголема.
Ризиците за штетни настани врз имотот се многубројни и осигурителните компании креираат различни пакети за осигурување на домаќинства кои покриваат различни штети т.е опфаќаат различни ризици според потребите на секој сопственик на имот
- Ако сѐ уште се прашувате зошто е важно осигурувањето на домот, одговорот е краток: тоа обезбедува компензација за вашите идни евентуални штети поради непредвидливи фактори како што се природни катастрофи како земјотреси, бури, поплави, провални кражби итн. Неизвесни настани кои не можат да се предвидат. Со осигурувањето на домот добивате надомест за настанатата штета, како и за предметите во домот. Домот е нашата сигурност каде живееме, егзистираме со семејството, домот е нашата најважна и воедно една од најголемите животни инвестиции и не смее да биде неосигуран.
Годишното осигурување на домот вреди колку еден семеен ручек?
Да дадеме една друга перспектива. Задоволството да се појде во ресторан си има своја убавина, но дали е нешто повредно од мирот и сигурноста која ја обезбедува осигурувањето на домот.
Со осигурување на домот ги осигуруваме омилените предмети во домот, уметнички слики, фотографии, па дури и телевизорот, новата машина за садови за кои гаранцијата која ја добиваме при купување не ги штити од: кражба, излевање на вода, кршење, пожар, или други потенцијални ризици.
Со осигурување на домот, нашиот имот, ги заштитуваме и нашите емоции, спомени, ја обезбедува нашата сигурност и безбедност, нешто можеби најважно во денешно време.
Да не бидеме едни од оние кои се решаваат за осигурување откако ќе ги изгубат работите што им значат. Да не бидеме граѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настане поплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат "зошто не го осигурав домот"!
Осигурувањето на домот претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од големи загуби. Одберете ја најдобрата полиса за осигурување според вашите потреби и карактеристики на вашиот дом.
Сумата за еден семеен ручек не може да биде поважна од цената што би ја платиле за годишно осигурување на домот!
Дополнителна споредба се износите за комуналии кои ги плаќаме месечно: Доколку годишната премија за домаќинско осигурување се плаќа на рати, месечната рата за осигурување е помала од најниската месечна рата за комуналии за потрошена вода и однесување на сметот која секое домаќинство ја плаќа.
*пр-објава