Еве каде живеат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам: Ама користат само дел од зданието

Животниот простор на војводата и војвотката од Кембриџ е поинаков од она што го замислувавте...

Принцот Вилијам, неговата сопруга Кејт Мидлтон, синовите принцот Џорџ и принцот Луј и ќерката принцезата Шарлот, најголемиот дел од времето од почетокот на пандемијата го поминуваат во својот дом во Норфолк, но официјалната резиденција на ова семејство е Кенсингтонската палата, која се наоѓа во централниот дел на Лондон, квартовите Кенсингтон и Челси.

Кралската двојка сепак не ја користи целата палата, туку во неа има свој апартман, а тој секако не е типичен.

Како што Кристофер Ворвик, писателот кој ги следи настаните во кралското семејство, неодамна објасни, војводата и војвотката користат четири спрата, а нивниот „стан“ не е ниту налик на она што го замислувавме.

„Има 20 соби од подрумот до таванот, тоа не е мала куќа. Сите кралски резиденции во Кенсигтонската палата се нарекуваат апартмани, поради што луѓето, секако, веднаш помислуваат на американските станови“ - кажа Ворвик и додаде: „Тоа не е така. Кенсингтонската палата е градена на околу три отворени површини.“

Тој објасни дека Кесингтонската палата изгледа како споени куќи, но дека станува збор за одвоени згради, а Кејт и Вилијам живеат во апартманот 1А. Нивниот дом зазема половина од крилото на Саат - кулата и има пет простории за прием. Вклучува и три големи спални соби, од кои секоја има своја бања, голема гардероба „за неа и него“, дневни и ноќни соби за малите принцови и принцезата.

Внатрешниот дел од ова здание немаме прилика да го гледаме често.

Фото: Hello magazine