Фитнес митови опасни по вашето здравје

Многу луѓе веруваат во овие митови и не сфаќаат дека поради нив можат да ги стават во опасност своето здравје и организам.

Сигурни сме дека и вие верувате во многу фитнес митови, бидејќи сметате дека се вистински, поради фактот што многу луѓе тврдат така, но всушност голем број од овие митови не се вистински и некои од нив можат лошо да влијаат по вашето здравје. Затоа ви ги отвараме очите и ви ги претставуваме митовите кои не се вистински и ако сакате да останете здрави и да изгледате убаво, тогаш не ги правете овие работи.

1. Најдоброто време за тренирање е наутро

Иако, многу сметаат дека ова е најдоброто време за тренинг, тоа не е точно. Најдоброто време за тренинг е тогаш кога се чувствувате најсилно и полни со енергија. Сабајле, неретко сме неспремни за физичка активност, бидејќи телото уште не е разбудено, па тогаш можеме да се стекнеме со повреди и нема да бидеме толку ефективни, за разлика кога тренираме кога сме потполно физички и ментално спремни.

2. Треба да трчате што повеќе

Трчањето е неверојатна здрава и корисна вежба, но долготрајното трчање како маратонот, може да направи озбилни проблеми за нашето тело. Трчањето е многу напорно и ги оптеретува органите, како што е срцето. Исто така, оние кои доста трчаат имаат многу проблеми и со зглобовите и коските. Затоа мора да ја најдете вистинската мера и да трчате секојдневно, но умерено.

3. Спортските напитоци се одлични за хидратација на телото

Ова не е точно, бидејќи овие напитоци содржат многу шеќери, кои никако не се добри за телто. Овие пијалоци може да ви дадат многу енергија, но на нездрав начин. Затоа е најдобро да пиете чиста вода, пред и после тренингот и со нејзнина помош да постигнете најдобри резултати.

4. Само млечни производи кои содржат калциум

Иако е точно дека млечните производи содржат најмногу калциум, тие исто така имаат и голема концентрација на масти која може лошо да влијае на вашата тежина. Затоа мора да јадете намирници како брокула, сусам и спанаќ, кои во својот состав содржат огромна количина на калциум.

5. Треба да тренирате секој ден

Ова никако не е добро, бидејќи на вашето тело му е потребен одмор за редовно да напредува и да станува се посилно. Ако секој ден тренирате, вашето тело нема да може правилно да се одмори, па така нема да постигнете добри резултати и ризикувате да се повредите и да си го оневозможите натамошното тренирање.