(ФОТО) Брендон од Беверли Хилс ќе наполни 50 години за 48 часа: Дали е тој денес поголем шмекер отколку што беше пред 29 години?

На 28 август омилената тинејџерска ѕвезда влегува во шестата деценија, а неодамна публиката го гледа во продолжението на хит серијата која повторно се прикажува.

Хит тинејџерска серија „Беверли Хилс“ започна да се емитува во 1990 година и заврши по цели десет години, во 2000 година. Серијата прикажа вкупно 293 епизоди, а сега омилените тинејџери се вратија на малите екрани. За жал, без Лук Пери, кој почина во март, 2019 година на 52-годишна возраст.

После 29 години, оригиналната постава на познатата серија ги собра  Џени Гарт, Шенон Доерти, Џејсон Присли, Тори Спелинг, Брајан Остин Грин, Габриела Картерис и Иан Заринг и повторно влегоа во улогите на Кели, Бренда, Брендон, Дона , Дејвид, Габриела и Стив. Рекордот беше срушен уште по прикажувањето на првата епизода!

Непосредно по снимањето на серијата, Присли доживеа тешка сообраќајна несреќа во која се здоби со скршеница на 'рбетот, потрес на мозокот и мноштво други повреди. Поради неговите здравствени проблеми и менталната состојба, со кои се бореше со години подоцна, тој немаше значајни актерски улоги.

Денес, тој е повеќе посветен на бизнисот зад камера.

Со својата втора сопруга, која се разведе во 2005 година, има две деца, ќерка и син.