,

(ФОТО) Луксузна „Star Wars“ колекција на мебел која ќе ве одушеви

Star Wars Disney компанијата ја претстави новата колекција на мебел инспирирана од неверојатната светска сага..

Филипинскиот дизајнер, Кевин Кобонпу во соработка со „Disney“ компанијата креаираше неверојатни парчиња мебел кои ќе ги воодушеват сите љубители на серијата „Star Wars“. Во новата колекција спаѓаат ламби, столови, фотелји и уште многу други работи кои ќе ви помогнат да го уредите вашиот ентериер и да ја внесете енергијата од серијата и во вашиот дом, инспирирајќи ги и вашите гости.

Бидејќи станува збор за луксузни парчиња мебел, најефтиниот стол изнесува 655 долари, додека најскапите парчиња мебел надминуваат и над 4000 долари, но сигурни сме дека постојат фанови кои мора да го имаат овој мебел, без разлика на цената.