Го промени личниот опис: Двојничката на Софија Лорен денес важи за најубавата жена во светот, а еве како изгледала пред операциите

Се појави фотографија од тоа како изгледала една од најубавите жени на светот пред естетските зафати...

Романската манекенка и актерка Мадалина Генеа, која медиумите ја нарекоа модерната Софија Лорен, е една од најубавите жени на светот.

Кариерата ја започнала на само 15 години, кога ја открил италијанскиот дизајнер Гатинони. Таа глумеше во познатиот филм „Династија Гучи“, во кој ја играше Софија Лорен, а глумеше и во филмовите „Наследство“, „Сè што некогаш сте посакале“, „Зооландер“ и други.

Сепак, како и многу други познати дами, и таа е критикувана поради изгледот и пластичните операции, пред кои изгледаше поинаку.

На социјалните мрежи се појави нејзина стара фотографија на која веднаш се гледа дека променила се на себе. Манекенката ги зголемила усните, ги наполнила образите, ги зголемила градите и направила разни фејслифтинзи.

Во странските медиуми се шушка дека таа отишла на процедури за што повеќе да наликува на Софија, но никогаш не признала за естетските зафати.

Таа во 2012 година успеала да го заведе актерот Џерард Батлер, освен со него Мадалина била и со Мајкл Фасбендер, се шпекулираше дека го завела и Леонардо ди Каприо. Таа ја има ќерката Шарлот од врската со романскиот претприемач Метју Стратан.

Се шпекулираше и дека нејзиното срце го освоил Андреа Кастањола, а последната романса ја имала со бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Фото: Инстаграм
Извор: Najzena.alo.rs