И овој пат е 25 годишна: Леонардо ди Каприо фатен на дело

Актерот Леонардо ди Каприо е познат по тоа што сака помлади жени. Доста помлади од него. И овој пат тоа не е променето, наводно, славниот актер кој ги напушта девојките штом наполнат 26 години, е виден во друштво на Лоти Мос (25). 

Ди Каприо и Лоти биле забележани како се забавуваат во ноќниот клуб Chiltern Firehouse во Лондон.

Инаку лоти, е помладата сестра на неговата поранешна девојкаКејт Мос, со која беше во 1993 година, но тоа не му претставуваше никаков проблем. 

„Лео и Лоти си поминаа одлично и изгледаа многу блиски. Пристигнаа одвоено, но со само неколку минути разлика и беа на маса со други пријатели. Нивната блискост беше привлечна, а луѓето во клубот ја спомнуваа Кејт како и фактот дека Лоти е на вистинската возраст за Лео“, вели извор за странските медиуми.

Фото:screenshot