„Illyrian TSX“! Претставен првиот албански суперавтомобил

Првиот албански суперавтомобил, „Illyrian TSX“, е претставен во италијанскиот град Торино. 

Зад овој модел стои компанијата „Arrera Automobili“. „Illyrian TSX“ има 6,2-литарски LT2 V8 мотор, кој испорачува 840 коњски сили, а максималната брзина би требало да му биде до 375 км/ч.

Став Тачи пораснал во Италија, но е од општина Дренас. Како основач на „Arrera Automobil“, тој е подготвен да го промовира проектот низ целиот свет. Според него, автомобилот Illyrian Sport Pure ќе биде меѓу петте најбрзи возила во светот во рамките на моделите на хиперавтомобили.

Дедо ми ми довери да ја истерам оваа работа до крај“, изјави тој во интервју за медиумите.

„Ја научив честа од моето албанско семејство, Албанците имаат голема чест. Ние работиме напорно со чест. Поради оваа причина се вратив во Косово, бидејќи можеме да направиме многу добри работи“. Тачи завршил италијанско училиште за индустриски дизајн, познато како еАД, додека претходно дипломирал стоматологија.

Беше вклучен во многу големи проекти како што се Ферари и Ламборџини.

Овој проект се очекува да биде силен ривал на Lamborghini Aventador или Ferrari 812 Superfast.