Исповед на еден маж кој задоволува жени кои се во брак: Само оваа година задоволив 30 од нив, а кога излегов од притвор имав 700 понуди за пријателство на Фејсбук


Една од мажените жени кои ме пријавија во полиција дека ја малтретирав, освен мене имаше уште два љубовника, тврди за Телеграф.рс Милош Стојковиќ (26)

- Не е точно дека сум спиел со 60 мажени жени. Имаше многу повеќе. Баш оваа година спиев со 30 од нив – вели во својата исповед Милош, што ги задоволуваше постарите жени, бидејќи нивните сопрузи не можеа. Тој го прави ова пет, шест години.

Милош неодамна беше пуштен од притвор бидејќи го пријавиле четири жени од Велики Градиште, Голупац и Пожаревац за сексуално вознемирување. Смета дека намерно го договориле да оди во притвор.

- Пред сè, точно е дека бев со сите четири жени. Кога се дозна дека се со мене, за да ја одбегнат вината се договорија со нивните сопрузи, ме натера да се изнервирам и да им кажам секакви работи. Јас не бегам од вината, но тие се ме ставија на тенок мраз. Самите ми нудеа врски и пари. И после постојано ме кукаа за пари, утре и задутре ќе ми ги дадат. Чекав еден месец таа што ме пријави да ми ги даде парите што беа понудени – објаснува Милош.

Тој тврди дека жената која го пријавила освен него имала уште двајца љубовници.

- Бев наивен кога толку многу им верував. Но, се прашувам ако сум им пречел толку зошто не ме блокирале на социјалните мрежи, зошто ми давале облека, парфеми, слатки … што ми испаќале фотографии каде се голи во кревет … Зошто ме нарекуваа „љубов“, „срце“, „кукла“, „моето бебе“, „маче“ … Ова ми го направија за да се заштитат од своите сопрузи – вели Милош.

Како што вели, му се јавил сопругот на жена со која бил да го праша дали е вистина дека имал интимни односи со неговата сопругата.

- Мажот се посомневал дека неговата сопруга го изневерува и лаже. Го најде мојот број во нејзиниот мобилен телефон и се јави. Тој сфатил дека не сум јас тој кој ја брка неговата сопруга и зема пари, туку дека таа доброволно имала односи со мене. Кога му испратив преписка со неа и фотографии, сфати дека лажно ме обвинуваат. Тој не беше лут на мене. Не знам што им се случи потоа – вели Милош.

Ова момче вели дека дознал како една од жените дала различни изјави во полиција и на рочиштето во до обвинителството.

- Таа во полиција изјави дека сум побарал парите да ми се уплатат на сметка. Како можев да го кажам тоа кога

никаде немам отворена сметка, ниту во пошта ниту во банка. Истражните органи лесно можат да го проверат тоа. Ова значи дека ја лажела полицијата. Се прашувам колку невистини кажаа само за да ме обвинат и да се измијат од она што го правеа – вели Милош.

Инаку овој фризер од Пожаревац по излегувањето од затвор остана изненаден од интересот на српската јавност за неговиот случај.

- Кога дојдов дома и го вклучив компјутерот, се шокирав кога видов дека ме чекаат 700 барања за пријателство на Фејсбук. Според мојата слободна проценка, околу 90 проценти беа жени, останатите биле некои лажни профили и мажи – се изненади Милош.

На прашањето дали имал понуда за интимна врска по ослободувањето од притвор, Милош мистериозно одговорил: „Имаше понуди, ќе размислам да се видам со некои жени“. Имаше и една порака во која сопругот се сомнева дека неговата сопруга го изневерува, па помислил дека сум јас тој, му одоговрив дека никогаш не сум бил, тоа беше вистината.

На прашањето како освоил толку многу жени, Милош вели:

- Кога ќе ме најдат на социјалните мрежи, прво ги анализирам фотографиите на нивниот профил, дали лажна итн … Кога ќе го видам во преден план прво деколтето, па лицето, кога ќе видам дека слика како мало девојче со устата, ги открива нозете, кога буквално го сликаат задникот, тогаш знам дека е жена која едноставно им се нуди на мажите. Потоа ја почнувам, ја фалам и потоа започнуваме со комуникација, завршува ова момче.

Фото:freepik