Како да фалсификувате "вистински" лажни пари?

Фалсификуваните пари не се лесна работа, бидејќи парите се прават на посебен начин, од специјално мастило и посебна хартија која е тешка за реплицирање.

Исто така, парите во себе содржат разни холограми и мотиви кои служат како показател, дали парите се вистински или не.

Сепак, покрај сите заштитни мерки, фалсификаторите пронајдоа начин за тоа како најуспешно да ги копираат парите. Екипата од каналот „Vice“, замина во Перу и стапи во контакт со еден фалсификатор, кој одлучи да остане анонимен, заради својата безбедност. Тој се допушти да сподели неколку делчиња од фалсификувањето на пари и да и покаже на екипата како изгледа неговиот живот.

Тој објаснува како може да ги фалсификува сите пари, но најчесто тоа го прави со парите од 50 и 100 долари. Овој пат, тој доби задача да фалсификува 20 долари, што беше доста тешка задача, но секако и во тоа успеа.

Фалсификаторот објасни дека ако се потруди, може за 3 дена да направи 1200 банкноти, па кога тоа ќе го помножите со бројот 50 или 100, ќе сфатите дека станува збро за огромна количина на пари.

Погледнете го видеото.