„Како да ми го извадија срцето од градите“: Легендата Златан Ибрахимовиќ за синот

Златан Ибрахимовиќ е еден од фудбалерите кои станаа светски икони. И додека многумина мислат дека неговиот живот е млеко и мед, имало ситуации во кои тој ја изгубил присебноста - една од нив била вистинска семејна драма.

Во книгата „Јас сум Златан Ибрахимовиќ“, чиј автор е Давид Лагеркранц, најдобриот шведски фудбалер на сите времиња зборуваше за моментот кога сите пари и влијание не му помогнаа. Неговиот син Макси веднаш по раѓањето се покажа како вистински борец и успеа да надмине голем проблем.

„Со Макси се беше ново, забележавме дека многу повраќа. Покрај тоа, тој не се здебели, туку ги изгуби килограмите. Не знаевме зошто, дали е ова нормално? Повраќаше непрекинато, не ја знаевме причината и дали мора толку да повраќа. Разговарав со семејството и пријателите и сите ме тешеа дека не е ништо страшно... Се обидував да се утешам“, изјави Ибрахимовиќ.

Со сопругата Хелена морал брзо да реагира кога дознал дека син му е болен. Ова го сменило за миг.

„Целото тело ми беше во грч. Никогаш не сум се чувствувал така. До раѓањето на детето бев господин недопирлив. Можев да бидам лут и луд, да ги покажам сите можни емоции. И сè можеше да се реши ако бидете цврсти, упорни, но ова не беше ништо слично. Бев немоќен, едноставно не можев ништо да направам. Макси од ден на ден стануваше се послаб, беше толку мал, се забележуваше дека е кожа и коски. Изгледаше како животот да сака да го остави“. 

Неговата сопруга го известила дека новороденчето мора да оди на итна операција на стомакот, а Златан тогаш се подготвувал за важен состанок.

„Не се сеќавам на патот до болницата. Се сеќавам само на болничките ходници и мирисот. Истрчав и прашав само каде е, на крајот ме одведоа до големата сала каде што лежеше Макси во инкубаторот. Беше помал од кога било... Имаше цевки низ телото и носот. Како да ми го извадија срцето од градите. „Ве сакам двајцата. Ти си ми се. Но, не можам да го поднесам ова. Јави ми се што ти треба“, и реков на Хелена и побегнав“, објасни Златан.

За среќа операцијата била успешна.

„Макси се уште има лузна. Тој се чувствува здрав како и сите деца на негова возраст и често се сеќавам на тоа. Тоа ми дава подобар поглед на животот, искрено“, изјави Ибрахимовиќ.

Не долго потоа, тој и неговата сопруга добија уште еден син, Винсент.