Кралицата, како и сите други, стои во редот за вакцината?

Британската кралица ќе ја прими вакцината против ковид-19

Во следните недели, британската кралица Елизабета Втора треба да прими вакцина против ковид-19, а потоа да открие дека го сторила тоа со цел да охрабри што е можно повеќе Британци да го сторат истото.

Сигурни извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) ќе стојат во линија со другите Британци без посебен третман во првиот бран на вакцинација планиран за граѓани на возраст од 80 и повеќе години, објави порталот „Дејли меил“.

Кралската двојка се очекува да прифати да се вакцинираат по препорака на нивните лекари, но тоа ќе го сторат и јавно за да ги охрабрат Британците да се вакцинираат и да ги игнорираат теориите на заговор за штетноста на вакцинацијата против ковид-19.


Фото: Reuters