Луѓе во солзи, насекаде урнатини: Ерменците објавија видео од синоќешното бомбардирање на Степанакерт

фото:Tanjug/AP

Ерменското Министерство за одбрана објави видео на социјалните мрежи за последиците од гранатирањето извршено од азербејџанските сили врз Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах.

Видеото покажува кратери по експлозијата на граната, урнати згради, автомобили закопани во рушевините.

Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради бомбардирањето. Скоро сите жители ги напуштија градовите на Карабах, кои се наоѓаат на линиите за контакт со вооружените сили на Азербејџан, јавува агенцијата РИА Новости, а пренесува Танјуг.


извор:telegraf.rs