Марадона дури и во гроб се превртува: Скандали го пратат дури и мртов

Дали фудбалската легенда Марадона починал од негрижа? Што се случува?

Токму поради негрижа и пропуст, во лекувањето на Диего Армандо Марадона, хирургот Леополдо Луке .се наоѓа под истрага на аргентинските власти. 

Инаку, Марадона почина од инфаркт.

За негрижата обелоденија неговите ќерки, Џанина, Далма и Џана кои и  сведочеа.

Полицијата изврши рации во ординацијата на Луке и во неговиот дом и конфискува документи поврзани со лекувањето и грижата за Диего Армандо Марадона.

Дури 60 полицајци учествуваа во оваа акција.

Се почнува од денот кога Марадона е пуштен од болницата во Буенос Аирес, каде беше опериран поради излив во мозокот.

Тој е обвинет дека тогаш не ги презел сите мерки за да му помогне на Марадона и дека прерано го пуштил од болница, што на крајот и доведе до негова смрт, до оглед на тоа дека немал вистинска нега, како и адекватна и брза медицинска помош во моментот кога му се слошило, по што почина.

На товар му се става и тоа што како главен човек задолжен за грижа за Диего, не бил покрај него кога му се слошило.

Порталот „Ел диа“ објави и дека се товари затоа што кога повикал брза помош рекол дека се работи за „маж на возраст од 60 години“, а не за Диего Марадона, што би ја променило ситуацијата.

Судењето почнува во понеделник.