ПСИХОЛОЗИТЕ откриваат како да се изборите со КАРАНТИНОТ

Долгиот престој во домот почна да влијае на многумина ...

Голем број луѓе почнаа да се жалат и велат дека изолацијата и карантинот почнаа негативно да влијаат врз нив. Ова е особено тешко за оние кои се навикнати да поминуваат време надвор и да се движат, а како што времето станува убаво и топло, тогаш работите се влошуваат.

Сепак, психолозите дадоа неколку совети што можат да ви помогнат, а кои позитивно ќе влијаат на вашата психа и на тој начин ќе ви помогнат полесно да ја надминете изолацијата. Иако многумина сега работат од дома, тие погрешно го поминуваат остатокот од времето дома. Ова доведува до досада и, следствено, до ментална состојба за која се знае дека може да доведе до депресија.

Затоа психолозите велат дека најдобро решение е да си поставите дополнителни задачи и обврски кои физички ќе ве заморат и ќе ви одземат време. Со помош на дополнителни задачи, ќе го изгубите поголемиот дел од дневното време, при што ќе остане мал дел за релаксација. Потоа користете го тој дел за одмор и ќе го доживеете како награда, што ќе и годи на вашата психа и затоа ќе се чувствувате спокојно и среќно.

Физичкиот напор е клучен и може да помогне многу кај оние што се чувствуваат депресивно. Затоа тренирајте или правете нешто физички секој ден, како што е на примр- чистење на вашиот дом. Ова ќе го елиминира вишокот на енергија, а вашиот мозок ќе лачи серотонин, хормон за среќа што ќе дејствува како природен антидепресив.

Исто така, обидете се да се чувствувате корисно. Направете нешто корисно за вашиот дом или членовите на вашето семејство. Посветете се на готвење или поправање на нешта и тоа ќе ви даде многу подобро чувство во главата.

Главната работа е да се обидете да го поделите вашето време и да искористите еден дел од вашиот одмор како награда кога гледате филмови, играте игри и слично. На овој начин тоа нема да ве засити и ќе ве прави среќни секој ден.