Што и да ви кажат - лажат! Сепак, мажите го сакаат

Кога зборуваме за анален секс, повеќето луѓе ги вртат главите, поцрвенуваат и велат дека не го прават тоа. Не само жените, туку и мажите. Да, добро прочитавте - мажи.

Дали знаевте дека истражувањата покажуваат дека дури 25% од хетеросексуалните парови практикуваат редовен анален секс? Што во превод значи - не само хомосексуалните мажи сакаат да го примаат, туку и хетеросексуалците.

Што е pegging?

За оние кои (сè уште) не знаат, практикувањето анален секс во хетеросексуална врска се нарекува  pegging. Станува збор за сексуален чин во кој жената анално продира во партнерот користејќи вибратор, дилдо, ремен. Имено, културно гледано, мажите се сметаат за сексуално доминантни партнери, а  pegging им овозможува да искусат како е да се пенетрира и им дава емпатија за аналната пенетрација која можат да ја пренесат на партнерката.

Сепак, колку и да е висок бројот на стрејт мажи кои сакаат анален секс, има нешто проблематично во овој чин. За многу мажи, самата помисла на  pegging предизвикува страв преку интернализирана хомофобија или социјални притисоци дека било што поврзано со задникот е хомосексуално.

Во реалниот свет, многу често ќе сретнете лицемерни мажи кои се претставуваат како алфа мажјаци, доминантни (особено во кревет), а често практикуваат pegging со партнерката. Ама нема да признаат...

Но, вистината е дека сето горенаведено е незрела хомофобија, која всушност е многу разочарувачка бидејќи сексуалноста нема никаква врска со активностите во кои уживате, зависи од тоа кој ве привлекува.

Дали тогаш стрејт мажите можат да уживаат во pegging?

Апсолутно! 

Иако аналниот секс долго време е стереотипизиран како чин за геј популацијата, вистината е дека и хетеросексуалните мажи добиваат големо задоволство од овој тип на сексуален чин, а се е поврзано со простатата. Имено, кога се стимулира простатата, тоа доведува до неверојатен оргазам. Исто така, многу мажи ги стимулираат или поттикнуваат своите партнерки да го стимулираат перинеумот (кожата помеѓу тестисите и анусот) токму поради оваа причина.

Бидејќи има голем број хетеросексуални мажи кои уживаат во аналната игра, идејата дека само хомосексуалците практикуваат анален секс е ограничувачка. 

Животот е премногу краток за да си негирате добри оргазми.