Со специјално возило до вечниот дом: Принцот Филип лично го дизајнирал автомобилот што ќе го носи неговиот ковчег (ВИДЕО)

Автомобилот има отворен горен дел и специјални држачи за гума кои спречуваат движење на ковчегот

Воената проба за погребот на војводата од Единбург пружи можност да се види специјално модифицираниот „Ленд ровер“ во чиј дизајн учествуваше принцот Филип, и кој ќе го пренесе неговиот ковчег во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Проектот, во кој учествуваше и војводата од Единбург, и траеше 16 години, резултираше во прилагоден „Land Rover Defender“, модел TD5 130, кој тој побара да биде обоен во темно зелена, воена боја.

Автомобилот има отворен горен дел и специјални држачи за гума кои спречуваат движење на кофчегот.

Конечните прилагодувања ги направи во 2019 година, кога имаше 98 години.


„Difender“ е направен во фабриката во Солихал во 2003 година, а принцот Филип ги надгледувал промените во текот на сите тие години.

Land Rover го одржува возилото уште од неговото производство.

Тиери Болоре, извршен директор на Jaguar Land Rover, изјави дека принцот Филип е „страшен шампион во дизајнот, инженерството и технологијата“.

- За време на посетата на нашите локации, тој ангажираше стотици вработени и го покажа своето импресивно знаење и длабок интерес за дизајнот, инженерството и производството на автомобили - рече Болоре.


Фото: Твитер