За мажите, сексот е најважен... Одговорот е... Да или не?
Неколку митови, оргазам, заведување, емоција...
Жените мислат дека на мажите не им пречи ништо и се речиси не- емотивни и нечувствителни. Сметаат дека разбирањето на мажот е комплицирано и дефинитивно нивната претстава за тврдо срце е неточна. Тие исто така се луѓе и имаат чувства.
Еве неколку митови:
1. Мажите не се емотивни
Грешка! Мажите се повеќе емотивни од жените. Дури е докажано дека побрзо се заљубуваат и страдаат повеќе кога се разделени. Проблемот со оваа состојба не е тоа што тие не го поседуваат, туку едноставно не го покажуваат или го изразуваат тоа чувство на начин како жените. Ова е така затоа што уште од мали се научени да не ги покажуваат емоциите .
2. За мажите, сексот е најважен
Не е лага дека при секој нов интимен контакт со жена мажите мислат со колку мажи била таа до моментов и дали ќе остане задоволна. Битен им е сексот многу, но сакаат често да откријат која е личноста со која спијат. Сакаат романса со чаша вино и слатки приказни до утрото.
3. Важно за мажот е прв да го доживее оргазмот
Ништо слично! Идејата и желбата на мажот за време на сексот е само и единствено да и испорача максимално задоволство на жената со која е. Како што е познато, повеќето мажи достигнуваат оргазам побрзо од жените и ако тоа се случи, тие би направиле се што е можно да направат и жената со која имаат сексуален однос и таа да има оргазам.
4. Мажот не може да биде само пријател со жената
Има толку многу двојки кои се навистина пријатели. Нивното пријателство започнало во раното детство и продолжило за цел живот. Врз основа на односот помеѓу брат и сестра, а не помеѓу маж и жена. Не е исклучено човекот да го најде совршениот пријател на професионален начин и тоа да е жена.