КОРИСТЕШЕ ПАРФЕМ ОД СЕКСУАЛНИ ХОРМОНИ: Што му се случи на момчето напрскан со феромони?

Искуство на еден млад човек кој сакаше да тестира- како тврдењето дека спротивниот пол го привлекуваат феромони функционира во пракса.

Позната компанија произведе парфем со додатоци на феромони, полови хормони кои го стимулираат возбудувањето и сексуалното однесување.

И еве како изгледал неговиот експеримент.

Го ставил парфемот и излегол во град - забележал дека е повеќе социјален и комуникативен, но не можел да разбере дали чувството на самодоверба потекнува од алкохол или феромон. Неуспешната вечер завршила  сам во кревет.

Два дена подоцна - Тој повторно го ставил парфемот и повторно завршл сам во кревет со голем мамурлак.

Решил да ги смени правилата на своето експериментирање - Тој организираше состанок преку страницата за социјално вмрежување Тиндер, но овој пат заборави да се напрска од парфемот со феромоните, а состанокот заврши очајно.

Тој направи еден последен обид - Закажа состанок со една девојка со која се дружеше долго време. Овој пат тој не го заборави „магичниот“ парфем. Средбата беше одлична и тие поминаа многу убаво. Младиот човек беше неверојатно шармантен. По средбата, тој дури и добил порака од девојката дека е воодушевена од него.

Првиот вистински успех - Поминале неколку дена, и иако бил во град до друштво, тој исто така се договори да се запознае со една девојка со која комуницираа преку интернет неколку дена, и секако, со себе зема и феромони. Тие одлично се забавуваа и на крајот на вечерта тој ја покани да го посети неговиот стан и таа се согласи. Вели дека излудела од возбуда.

Во текот на следните неколку дена, тој излегуваше често во град, се разбира постојано испрскан со феромони. Цела вечер го привлекуваше вниманието на девојчињата. Два дена подоцна, тој беше на домашна забава и забележа дека жените се држат до него повеќе од вообичаеното. 

Можеби волшебните феромони му дале на ова момче доволно самодоверба што привлекува жени? Или парфемот само мириса добро, а на девојките им се допаѓа тој мирис? Или е тоа чиста среќа и случајност и тој е навистина згоден и забавен човек? Или експертите направија шише со спреј полн со научни откритија кои го менуваат размислувањето на другите луѓе за вас и ве прават неодоливи?

Женска психологија: Мажите се привлечни кога… Тој не одговори на ова прашање, но е уверен дека ќе продолжи да носи феромони и да се прска со нив.

Фото: Profimedia