АПЛИКАЦИЈА НА PLAY STORE ВЕЌЕ ГИ МАПИРАШЕ КАМЕРИТЕ: Скопјани масовно ја симнуваат, сакаат да знаат каде треба посебно да внимаваат
Втор ден камерите на МВР за Безбеден град ја тресат македонската јавност. Голем број возачи уште во текот на вчерашниот ден искусија точно како ќе функционира проектот кој треба да донесе ред и мир во сообраќајното лудило во земјава.
Граѓаните со овој проект треба да се дисциплинираат и да возат согласно сообраќајните прописи за да не плаќаат казни или пак да се соочат со поголеми последици како одземање на возачка дозвола.
Освен на поголемите крстосници, никој точно не знае и не може да предвиди каде има камера. Токму затоа, на апликациите посветени на сообраќајот, голем дел од камерите кои се дел од овој проект се веќе мапирани, па возачите користејќи ја апликацијата, точно можат да дознаат каде има камери.
Една од тие апликации е „Waze“, на која ги има речиси сите поставени камери. Апликацијата нуди предупредување за сообраќаен метеж, работи на патот, камери или полиција на делницата по која што возите.

На неа треба само да напишете каде одите и патот веднаш ви е трасиран, со сите работи на кои треба да внимавате.



Д.Т
Извор: ФАКТОР