Спорт // Спорт
Барнли на Чурлинов на седум кола пред крајот обезбеди Премиерлига
Екипата на Барнли чиј член е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, го победи Мидлсброу со 1-2 на гости и на седум кола пред крајот веќе обезбеди враќање во Премиерлигата.
Венсан Компани и Барнли блескаат сезонава во Чемпионшип во која имаат само два порази.
Дарко Чулринов не беше во составот на Барнли веројатно поради повреда на која се пожали по настапот со репрезентацијата.