Донација за реновирање на Отоларинголошкиот оддел во Општа болница Кочани

Животот и здравјето се скапоцени и незаменливи. Инспирирани од тоа верување, реализиравме донација за целосно уредување на Отоларинголошкиот оддел во ЈЗУ Општа болница Кочани со искрена желба да придонесеме кон подобар и полесен секојдневен живот за граѓаните на Кочани. 

Со оваа реновација се создаваат подобри услови за преглед, дијагностика и лекување, во средина што нуди поголема грижа и достоинство за пациентите.

Оваа донација значително го подобрува квалитетот на живот на граѓаните од Кочани и околните населени места, особено поради фактот што пациентите повеќе нема да имаат потреба да патуваат во Скопје за истите здравствени услуги. Со тоа се заштедува време, се намалува стресот и се олеснува пристапот до навремена и квалитетна здравствена грижа – поблиску до домот.

Во Силк Роуд Банка цврсто веруваме дека заедно можеме да направиме многу повеќе.

ПР објава