Големо откритие во Србија - најдени се големи количини злато

„Стрикланд Металс“ ги сруши сопствените рекорди во Србија, откривајќи 702,5 метри континуирана минерализација на злато и цинк, со подеднакво импресивен резултат од 365 метри во втор бунар на локацијата Градина.

Истражувањето на наоѓалиштето Градина продолжи да дава исклучителни резултати, вклучувајќи го и најдолгиот интервал на дупчење досега забележан на ова место, како и еден од најголемите во рамките на проектот Рогозна. Ова откритие содржи еквивалент на 7,4 милиони унци злато, што го потврдува огромниот потенцијал на наоѓалиштето и важноста на овој проект за иднината на рударската индустрија.

Истражувањето напредува кон проценка на минералните ресурси.

„Стрикленд Металс“, компанијата што спроведува истражувања, е насочена кон подготовка на првата проценка на минералните ресурси за Градина до крајот на оваа година. Оваа проценка ќе биде клучна за понатамошниот развој на проектот и подготовката за евентуалното започнување на рударството.

Дијамантските бунари дупчени во јужниот дел од наоѓалиштето постигнаа извонредни резултати, што дополнително ја потврдува значајната минерализација во таа област. Истражувачите забележаа значителен потенцијал за раст, особено во правец на југоисток, како и во подлабоките слоеви на наоѓалиштето. Овие наоди укажуваат на можноста за откривање на уште поголеми количини злато и цинк во областа, што може да има долгорочни придобивки за проектот, пренесуваат српските медиуми.

Извор: ФАКТОР