Ќе се гради нова патека на бесконечноста во Кочани, во чест на загинатите ангели

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи лани на 16 март. 

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Со оваа одлука на Советот на Општината, градоначалникот Влатко Грозданов се овластува по брза постапка да формира работно тело, со цел проектот да биде завршен до 16 март годината кога ќе се наврши една година од трагедијата во дикостеката „Пулс“ во Кочани. Ова е плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.

Во пожарот во „Пулс“ имаше и 200 повредени. На концертот на ДНК од прскалки се запали плафонот. Членовите на групата исто така настрадаа во трагедијата. 

Извор: Фактор