МАРКЕТИНГОТ Е СПОЈ НА КРЕАТИВНОСТ И СТРАТЕГИЈА – МОЖНОСТ ДА СОЗДАВАШ ПРИКАЗНИ КОИ ИНСПИРИРААТ

Кочо Фунду е трејд маркетинг менаџер во Бритиш Американ Тобако за Македонија, Албанија и Косово — човек кој зад стратегиите и бројките носи искрена страст кон брендовите и луѓето. Неговата професионална траекторија започнува во трговијата во автомобилската индустрија, каде што ја изострува чувствителноста за перформанс, прецизност и услуга, за денес тие вештини да ги претвора во темпо, иновативност и дисциплина на терен. Надвор од канцеларија, Кочо е семеен човек кој енергијата ја црпи од блиските; голем заљубеник во мотори — со посебна слабост кон веспите; активен спортист и поборник за здрав живот и меломан што знае да ја насочи секоја агенда со вистинската плејлиста. Совршен соговорник за „Машки магазин“, каде кариерата, стилот и личните пасии се преплетуваат во јасна, современа приказна.

1. Кочо, кој е човекот зад позицијата Маркетинг менаџер на Бритиш Американ Тобако (БАТ) за Македонија, Албанија и Косово?

Зад функцијата стои личност што ја сака динамиката, идеите и постојаното учење. Маркетингот за мене е совршена комбинација од креативност и стратегија – простор каде што можеш да создаваш приказни што инспирираат. Се водам од идејата дека работата мора да има смисла, но и енергија. Балансот го наоѓам во семејството, спортот и секојдневните мали моменти што те враќаат на земја.

2. Од автомобилскиот до тутунскиот свет – како изгледа твојата професионална приказна?

Љубовта кон автомобилите почна уште како дете – звукот на моторот, брзината, технологијата… тоа ми беше првата страст. Кариерата ја започнав во автомобилската индустрија, каде научив колку е важно да се гради емоција околу производот. Паралелно, развив особено голема страст кон мотоциклите, особено limited edition верзии на веспи, со кои сум опседнат. Влегувањето во Бритиш Американ Тобако беше ново поглавје – можност да бидам дел од глобална компанија што ја редефинира својата индустрија и води трансформација кон производи со намален ризик.

3. Како изгледа еден твој типичен работен ден, и што е она што секогаш ти го прави подобар?

Најубаво е кога ќе видиш како една идеја прераснува во реален проект што создава позитивна реакција кај луѓето. Би рекол дека секој ден е атипичен, и токму тоа го прави маркетингот возбудлив. Еден ден е полн со состаноци и анализи, другиот со креативни brainstorming сесии или планирање на кампањи. Единствена константа е што секој петок го почнуваме со тимско кафе, во некоја од популарните скопски кафетерии каде се развиваат несекојдневни дискусии и се раѓаат убави идеи. Често денот го почнувам или завршувам со фитнес сесија со музика – тоа е мојот момент на фокус пред или по динамиката. 

4. Кога не си во канцеларија, каде најчесто можеме да те најдеме?

Семејството е мојот полнач, оваа година е посебна за мене бидејќи се остварив како родител на две прекрасни близначки и тоа нова искуство секојдневно ме надградува и ми дава радост и нова димензија на животот. Освен семејството како моја нова константа, времето го минувам во спортување, патувања и друштво – ја користам секоја прилика да откријам нешто ново, било тоа да е ново место, вкус или искуство. По природа сум естет и сакам да се опкружувам со убавини, тука до израз доаѓа и мојата необична пасија кон обувките, особено спортските патики, па така во својата колекција имам над 100 пара уникатни патики. Музиката ми е постојан придружник – ја врзувам и со работата, бидејќи секој добар проект има свој ритам.

5. БАТ е глобален лидер во трансформацијата на индустријата. Како изгледа тоа од твоја перспектива во регионот каде работиш?

Во Македонија, Албанија и Косово таа трансформација се чувствува сè појасно – зборуваме за компанија што инвестира во иновации и одговорност. БАТ не е само класична тутунска компанија – нашата цел е да создадеме „A Better Tomorrow“ преку помалку штетни производи* како што се и никотинските ќесички VELO**, кои претставуваат нова генерација никотински избор за возрасни потрошувачи. Истовремено, сме и модерен работодавач кој вложува во луѓето, културата и новите идеи.

6. VELO** никотинските ќесички се веќе препознатлив бренд, што мислиш дека е тајната на неговиот успех?

VELO** е различен бидејќи не продава производ, туку може да влијае и на промената на животниот стил. Тоа е алтернатива на возрасните корисници на никотин кои сакаат живот без чад и без компромис. Главната порака од нас, како компанија, е дека ако не си почнал да консумираш цигари, не го ни прави тоа, ако веќе пушиш, обиди се да се откажеш, ако не можеш да се откажеш, тогаш побарај помалку штетни алтернативи*. Velo** e токму таква алтернативата за возрасните консументи. За разлика од останатите алтернативни никотински производи, никотинските ќесички не бараат никакво загревање и не создаваат чад, и корисниците може да ги употребуваат во сите средини. Тие се пласираат на пазарот со стандарди за квалитет и безбедност на производот. Никотинските ќесички се иновација за креаторите на политики кои бараат решенија засновани на докази за намалување на штетноста поврзана со пушењето. Истражувањето „Power in a pouch“ на организацијата „Smoke Free Sweden“, покажа дека во сеопфатни анкети спроведени со поранешни пушачи, никотинските ќесички ги надминале сите други начини за откажување од пушењето и испитаниците ги рангирале никотинските ќесички како најефикасен метод.*** Пример за ова е Шведска, каде стапката на пушење во последниве години е околу 5 проценти. 

7. Колку е важно брендовите да имаат „човечко лице“ денес, и како тоа се гледа во вашата стратегија?

Повеќе од кога било. Луѓето сакаат да се поврзат со приказни, не со логоа. Генерално во БАТ се трудиме да зборуваме со човечки тон – да покажеме дека разбираме, дека не судиме, дека нудиме избор. Тоа е суштината на довербата и современата комуникација. Потврда  за тоа дека водиме вистинска политика во таа насока е тоа штонашата глобална, динамична платформа за споделување знаење и научно базирани докази, Omni™, официјално е призната како Глобална ПР кампања на годината на престижните Платинум ПР награди за 2025 година во Њујорк. Оваа платформа е насочена за отворање на дијалог со научници, јавни здравствени власти, регулатори, креатори на политики и инвеститори.

8. Што најмногу те инспирира во твојата работа?

Тимот и енергијата што ја создава заедничката цел. Работам во мултиетнички, мултиконфесионален и либерален тим. Тоа се луѓе што се креативни, посветени и секогаш подготвени да излезат од шаблонот. Маркетингот за мене е мешавина од уметност и стратегија – каде интуицијата и аналитиката се спојуваат. Инспирацијата често ја наоѓам и во патувањата, во различните култури и во малите детали што ги гледам секојдневно.

9. Што би им препорачал на младите што сакаат кариера во маркетинг или во интернационална компанија?

Да бидат љубопитни и истрајни. Маркетингот бара страст, но и способност да гледаш подлабоко – што навистина ја движи публиката. Да не се плашат да бидат оригинални и да грешат – секоја грешка е лекција. Работата во интернационална компанија е школа сама по себе – отвора погледи, те тера да растеш и да размислуваш и гледаш глобално.

10. Што следно можеме да очекуваме во иднина?

Очекувајте уште повеќе иновации, нови искуства и настани што ги спојуваат технологијата, одговорноста и lifestyle естетиката. Продолжуваме со јасна цел – да мигрираме што повеќе возрасни пушачи од цигари кон помалку штетни алтернативи* и до 2035 година да станеме компанија фокусирана на smokeless производи. Или како што сакаме да кажеме – најдоброто допрва следува.

11. Ако треба да ја опишеш твојата професионална филозофија во една реченица, која би била таа?

Мојата филозофија ја црпам од успешни луѓе, а еден од омилените личности ми е најдобриот кошаркар во историјата Мајкл Џордан. Мојата професионална филозофија целосно се вклопува во еден од неговите најпопуларни цитати: „There is no “I” in team, but there is in win”.

*Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосно префрлување од пушење цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

**Овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка што предизвикува зависност.

*** Извештајот „Power in pouches“ е издаден од реномираната шведска граѓанска организација „Smoke free Sweden“, со учество на повеќе реномирани научници и користење на повеќе извештаи и студии во период од 2012-2024 година