Науката го има одговорот: Колкава е просечната должина на пенисот?
Постојат многу фактори што го разликуваат современиот маж од неговите предци, а опсесијата со големината на пенисот сигурно не е еден од нив. Всушност, пештерски цртежи стари околу 8.000 години во Турција прикажуваат мажи со пениси големи колку нивните нозе (веројатно уметникот си земал слобода да се изрази така). Кама Сутра опишува метод за зголемување на пенисот со триење со влакна од телата на инсекти, додека пак античките Грци врзувале кожна врвка околу пенисот за да ја растегнат кожичката нагоре.
Но, што ако мажите со векови се опседнувале без причина? Што ако просечната големина на пенисот не е толку голема како што мислите?
Да разјасниме нешто: големината навистина не е важна. Таа не влијае на плодноста, сексуалната издржливост, ниту пак на способноста да се задоволи партнерот. Се чини дека со векови сме ја поврзувале поголемата „опрема“ со поголема моќ, поголема машкост и изразена вирилност.
Но, истражувањата покажуваат дека тоа не е нужно точно и дека по пубертетот буквално нема никаква врска помеѓу нивото на тестостерон и големината на пенисот.Сè уште сте љубопитни како стоите во споредба со просекот? Ајде видиме што вели науката.
Колкава е просечната должина на пенисот?
Според преглед од 2020 година објавен во списанието „Journal of Sex & Marital Therapy“, повеќето мажи мислат дека просечната должина на еректиран пенис е поголема од 15 сантиметри.
Но тука настанува проблемот дека ова верување се темели на истражувања што се користеле според самопријавени мерења. Дали всушност мажите навистина можат да се сметаат за искрени кога станува збор за големината на сопствениот пенис е прашање.
Се покажува дека просечната должина на еректиран пенис всушност е меѓу 13 и 14сантиметри. Истражувачите сметаат дека кога ќе се земе предвид пристрасноста, просекот е поблиску до 13 сантиметри.
Според овој преглед, многу мажи се загрижени дека нивниот пенис е премал. Всушност, само 58 отсто од мажите се задоволни со својата големина, а мажите кои мислат дека имаат просечен пенис би сакале тој да биде долг околу 18 сантиметри.
Авторот на студијата, Брус М. Кинг, смета дека причината е тоа што со години сме се потпирале на недоверливи податоци. Со други зборови, несигурни мажи претерувале со бројките, а со тоа направиле и други мажи да се чувствуваат несигурно.
Но, еве ја суштината: истражувањата покажуваат дека проценките на жените за просечната должина на пенисот се поблиску до реалноста – околу 13,4 сантиметри. Тоа значи дека нивните очекувања се многу пореални отколку што мажите мислат.
Покрај тоа, 84 отсто од жените велат дека се задоволни со она што нивниот партнер го има „долу“. Во едно истражување, кога биле прашани што им е најважно за време на секс, ниту една не ја спомнала големината на пенисот.
Поуката? Она што го имате најверојатно е повеќе од доволно. И важно е да се нагласи дека не е важно што имате, туку како го користите. Без разлика каде се наоѓате на спектарот на големината, правилната сексуална поза и техниката можат значително да го зголемат задоволството за сите вклучени.
Извор: Men’s Health
Фото:Freepik