Ова е најпознатиот хакер на Балканот: На игри на среќа добил преку два милиони евра

Предраг Беќириќ (роден на 21 февруари 1970 година во Белград) е српски програмер, новинар и претприемач. 

Во ИТ-круговите стана познат како новинар на списанието „Свет компјутера“ и како автор на компјутерската игра Mindtrap, објавена во 1989 година од британската компанија Mastertronic. 

Подоцна ја основал компанијата Janus Interactive (Fun Factory), специјализирана за интерактивни телевизиски игри.

Беќириќ работел и на телевизиски проекти како „Кешоловац“, „Лова за слова“, како и детските интерактивни игри „Тајни агент Иззи“ и „Бунга Банга Ре“.

Во 2010 година стана познат на пошироката јавност како организатор на т.н. „СМС мафија“, откако успеал со математичка метода наречена бинарна претрага да ги открие добитните понуди во наградните игри „RTS лицитација“ и „Grand лицитација“. 

Со тој систем освоил пет стана и 125 автомобили, користејќи лица што формално ги подигнувале наградите.

По медиумска афера и судски процес, беше уапсен и обвинет за измама со противправна добивка меѓу 1,4 и 3 милиони евра. По шестгодишно судење, во 2016 година беше правосилно осуден на четири и пол години затвор, но во 2017 година Врховниот касационен суд наложи повторување на постапката за 18 обвинети.

Извор: Википедиа / Фото: Linkedin/ Freepik