Парфемот „Тишината“: Ода на најдлабоката и врвна љубов

Тишината на Симоне Андреоли

Silenzio или Тишината е ода на најдлабоката и врвна љубов која, со своите контрасти меѓу слатките и зачадените ноти, предизвикува чувство на смирувачка прегратка.

Се отвора со луксузна бугарска роза, која со својата спирала од ливчиња го симболизира непреченото патување на парот. Срцето и основата на парфемот живеат во турбулентни контрасти; смирувачките и слатки ноти на ванила и бензоин се апсолутна бура со зачадени ноти на кожа и бреза.

Многу заводлив, бескрајно добар и трае многу. Редок е, но може да се најде по интернет онлајн продавниците.