ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските производители

ПроКредит Банка АД Скопје ја воведува новата Агро кредитна линија, развиена во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Преку оваа програма, земјоделските производители ширум државата добиваат можност за финансиска поддршка на инвестиции насочени кон унапредување и модернизација на нивното производство.

Кредитната линија е наменета за набавка на нова механизација, опрема, системи за наводнување, инфраструктурни подобрувања, како и за поддршка на тековното работење и оптимизација на производните процеси.

Целта на програмата е да се овозможи полесен пристап до финансиски средства и да се поддржи континуиран развој на агро секторот, во согласност со реалните потреби на земјоделските производители. Дополнително, сите клиенти кои ќе аплицираат и ќе ги исполнат условите имаат можност да користат грант до 1.000 евра, како неповратна поддршка за нивната инвестиција.

Кредитната линија е наменета за фармери, земјоделци, како и за мали и средни агро претпријатија. Апликациите се достапни во сите услужни единици на ПроКредит Банка низ земјата, како и преку дигиталните канали на Банката.

Со оваа иницијатива, ПроКредит Банка продолжува да обезбедува финансиска поддршка за развојот на земјоделското производство и локалната економија, преку практични и одржливи решенија.

Дознајте повеќе за условите на кредитната линија и аплицирајте на: ProCredit Bank - Кредитна линија ЕФСЕ агро

ПР објава