Рецепт за протеински ручек кој ги „пумпа“ мускулите
Освен редовното вежбање, за развиени мускули мошне важна е и исхраната, а со овој рецепт ќе подготвите ручек кој ги „пумпа“ мускулите подобро и од протеински шејк.
На Men’sHealth е објавен рецепт за приготвување ракчиња со ориз, кои се готват мошне лесно, а ќе им се допаднат и на останатите членови во семејството.
Рецептот е на познатиот готвач JJ Johnson, кој вели дека оризот содржи повеќе протеини од било кој шејк.
Состојки за подготвување на рецептот:
Рендана кора и сок од 6 лимети
- 2 китки коријандер – (од едната отстранете ги стебленцата, другата исечкајте ја ситно);
- 1 китка магдонос;
- 1 китка млад кромид;
- 1/2 чаша маслиново масло, плус уште малку за премачкување на скарата;
- 450 г големи ракчиња, излупени и исчистени;
- 2 лажици несолен путер;
- 2 чаши бел ориз, измиен.
Начин на подготовка на рецептот:
Во процесор за храна ставете ја кората и сокот од 5 лимети, китката коријандер со отстранети стебленца, магдоносот, младиот кромид, маслиновото масло и 1 лажичка сол. Пулсирајте додека не добиете груба паста – маринада.
Во голем сад измешајте ги ракчињата со 1 лажичка сол, 1/2 лажичка свежо мелен црн бибер и 3/4 од маринадата.
Покријте ги и ставете во фрижидер најмалку 30 минути. Остатокот од маринадата чувајте го во фрижидер за сервирање.
Во средно голем сад, растопете го путерот на средна температура. Додадете го оризот и пропржете додека лесно не добие боја, околу 4 минути.
Додадете 3 и пол чаши вода и оставете да зоврие.
Намалете ја температурата, покријте и варете на тивко додека оризот не омекне, околу 20 минути.
Тргнете го оризот од оган и оставете да одмори 10 минути. Со виљушка раздвојте го оризот и измешајте 1 лажичка сол, сечканите листови коријандер и преостанатиот сок и кора од лимета.
Премачкајте ја скарата или грил тавата со маслиново масли и загрејте ја на висока температура.
Печете ги ракчињата додека целосно не се зготват, околу 2 минути од секоја страна. Послужете ги со оризот и маринадата.
Извор