Се менуваат навиките по секс: Зошто паровите немаат време за „гушкање“?
Новата технологија влијае врз сите аспекти на нашите животи. Ни се менуваат секојдневните навики, а се чини дека тоа се одразува и врз нашиот интимен живот.
Во минатото, цигарата по секс се сметаше за вообичаен начин на релаксација по секс, но, спорен најновите податоци, таа навика брзо исчезнува.
Според најновото истражување, пушачите денес многу почесто ги проверуваат телефоните отколку што палат цигара по интимен однос, пишуваат британските медиуми.
Анкетата опфатила 2.126 возрасни лица, меѓу кои и 1.000 сегашни или поранешни пушачи.
Резултатите покажуваат дека само 8 отсто сè уште палат цигара по секс, додека еден од шестмина веднаш зема телефон. Само 29 отсто редовно практикуваат разговор во кревет по секс, додека 22 отсто тоа го прават ретко или никогаш. Наместо тоа, 38 отсто заспиваат, а 18 отсто стануваат за да средуваат.
Според истражувањата, мажите се особено подложни на дигитални одвлекувања – 13 отсто признаваат дека првото нешто што го прават по секс е да го проверат телефонот, што е повеќе од тројно во споредба со жените (4 отсто).
Речиси половина од оние кои имале секс без обврски признаваат дека си заминуваат веднаш по односот за да избегнат емоционална непријатност. Сепак, поголемиот дел од луѓето велат дека би се чувствувале поповрзани со партнерот доколку следи разговор по секс.
Истражувањето е нарачано од познат брендот за никотински вреќички, во соработка со секс-едукаторката и експерт за интимност Руби Реар, со цел паровите повторно да ја откријат вредноста на разговорот и блискоста по секс.
Руби вели:
„Нашите интимни моменти се драгоцени – без разлика дали се со долгогодишен партнер, случајна врска или во отворена релација. Но истражувањето покажува дека тие често се прекинуваат – со заспивање, гледање во екрани или излегување на цигара. А тоа ја ограничува нашата способност да се поврземе.
Да создадеме понамерен простор за разговор по секс, затоа што интимноста по односот е исто толку важна како и ‘главниот чин’.“
Четири од десет лица се согласуваат дека модерното општество ја направило интимноста по секс побрза и помалку значајна, а 44 отсто признаваат дека се чувствуваат отуѓено кога проверуваат телефон веднаш по односот.
Сепак, повеќе од две третини сметаат дека моментите по секс се вистинска интимност. 40 отсто ги рангираат меѓу најважните аспекти на нивната врска, а 51 отсто ја ценат ситуацијата кога партнерот останува за разговор во кревет.
Половина од анкетираните се подготвени да ги променат старите навики за да создадат подлабока врска. Емоционалните разговори и времето без екрани се сметаат за најдобар начин да се подобри искуството по секс.
Физичката блискост (35 отсто) и изразувањето нежност (32 отсто) исто така се високо рангирани, како и слушање музика заедно (14 отсто), споделување ужинка (13 отсто) или дури и заеднички вежби за дишење (10 отсто).
„Знаеме колку лесно навиките и одвлекувањата можат да ги прекинат важните моменти. Ова истражување покажува дека дури и по нешто толку интимно како сексот, многу луѓе ја пропуштаат можноста за поврзување.
Сакаме да поттикнеме разговор за забавување и создавање простор за јасност и блискост во тие моменти.“
Фото: Freepik