Скопјанец со хит видео: „Дали сум побрз од автобусите на ЈСП?“

Што мислите кој победи - професионалниот спортист кој трча маратони, или автобусот на ЈСП?

Автобусите на ЈСП во изминатите години често се тема на разговор, како заради нивната (не)редовност, така и заради големата гужва и бавниот превоз.

Така еден Скопјанец одлучи да ги стави на тест и да провери, дали тој како професионален хибриден спортист може да трча побрзо отколку што возат автобусите на ЈСП.

Што мислите, кој победи?

Како што може да се види од видеото, Скопјанецот пристигна на автобуската станица речиси истовремено со неговиот пријател кој се возеше во автобусот и го снимаше додека трча.

View this post on Instagram

A post shared by TIP (@tip_level)

„Дали јас сум премногу брз или авотбусот е пребавен“ - се пошегува тој во видеото.

Инаку, како што појасни, тој поминал растојание од 0,34km за време од 57 секунди.

Секако, тоа е изводливо доколку сте професионален спортист, како момчето кое својот прогрес постојано го објавува на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, а како што може да се види редовно трча маратони и ултрамаратони.

РЖМ / Б. С. Б.