Скопје ќе се украсува новогодишно за 53.000 евра

Компанијата „Линк Медиа Плус“ е избрана да ги изврши новогодишните украсувања на Скопјe. Нејзината понуда беше единствена на тендерот објавен од градските власти, кои ќе платат 3.260.000 денари, или околу 53.000 евра, за украсување на централното подрачје и главните булевари. Откако компанијата ќе ја достави банкарската гаранција, ќе се потпише договорот.

Компанијата „Линк Медиа Плус“ годинава ги доби и тендерите за украси во Општина Центар и Општина Штип. Според системот за јавни набавки, компанијата работела и на одржување на службените возила на Управата за финансиска полиција, услуги за чистење на улици, како и на набавка на контејнери за ѓубре. Во 2023 година ги изврши празничните украси во Кавадарци, Чаир и Трговскиот центар во Скопјe.

Според спецификациите на тендерот, компанијата треба да постави новогодишни декоративни и светлосни елементи на неколку локации во Скопјe. Најголемиот дел од украсите ќе бидат поставени на плоштадот Македонија.

Проектот ќе го спроведе целосно компанијата, која мора да обезбеди и отстранување на декорациите по завршувањето на празничниот период.

Градските власти сè уште не го објавија точниот датум кога ќе започне поставувањето на декорациите, ниту новогодишната програма, ниту кој ќе ги забавува граѓаните на Скопје на новогодишната ноќ.

Извор: ФАКТОР