Со солзи во очите, бремена и со бебе во прегратка: Приказната зад најтажната фотографија на Бритни Спирс ќе ви го скрши срцето

Една од најчесто објавуваните фотографии од периодот кога поп принцезата минуваше низ многу тежок период е онаа каде Бритни седи во ресторан и плаче.

Од моментот кога стана позната личност, Бритни Спирс секогаш имаше папараци во нејзина близина - згора на тоа, многу, мноогу папараци. Тие влијаеле и управувале со нејзиниот живот дури и повеќе отколку што самата можела да замисли во тие денови, а сето тоа кулминира една вечер во 2007 година, кога пејачката ја избричи главата и нападна фотограф со чадор.

Со години ѝ го правеа животот мизерен и ја фотографираа во бројни животни ситуации, а нејзините солзи во Њујорк во 2006-та година сè уште се паметат.

Во тие денови Бритни Спирс престојуваше во хотелот „Риц Карлтон“ и секој ден ја придружуваа дури триста папараци. Пејачката во тоа време беше бремена и се грижеше за нејзиниот осуммесечен син Шон Престон и не ѝ беше до слава и фотографирање, а насловите што ја следеа секоја приказна за неа беа многу непријатни и пресудни. Медиумите анализираа како Спирс го држи своето дете, како оди додека го носи, дали и како го врзала во автомобилот, дали е добра мајка...

Затоа не е изненадувачки што беше овековечен моментот кога пејачката се сопна додека носеше дете во едната рака и чаша во другата рака. Телохранителот ѝ помогнал момчето да не падне, а папараците овој момент го дочекаа лесно. После тоа, Бритни отишла во продавница за играчки, а потоа во блискиот ресторан, каде што седнала, нарачала пијалок со насмевка и - се расплакала. 

Папараците го сликаа и овој момент.

После тоа, пејачката отишла во ве-це и ја поправила шминката, а потоа го напуштила ресторанот.

Во следните години се појави гласина дека сопственикот на ресторанот ѝ рекол да влезе во објектот за да се скрие од папараците, а потоа дозволил папараците да ја фотографираат, но тоа никогаш не било потврдено.


извор:GLOSSY