Сонувате дека доцните на школо, а веќе сте возрасен човек: Еве што ви порачува психологијата
Многу возрасни луѓе се будат вознемирени по повторувачки соништа во кои повторно се враќаат во училишните клупи – без домашна задача, без подготвеност за тест или со чувство дека доцнат на час. Иако звучи банално, овој сон има длабока психолошка симболика.
Психолозите објаснуваат дека сонот за „доцнење на училиште“ или „неспремност за час“ најчесто се јавува кај личности кои во моментот се под стрес или се соочуваат со чувство на одговорност, притисок и страв од неуспех.
Тој е одраз на нашата потсвест, која ги „рециклира“ старите искуства од младоста – период кога училиштето било симбол на тестирање, проценка и очекувања.
Доколку во сонот чувствувате паника затоа што не сте подготвени за час, тоа може да значи дека во реалноста имате ситуација во која не се чувствувате доволно спремни – можеби на работа, во врска или во некој важен животен предизвик.
Од друга страна, сонот може да биде и потсетник дека сте личност со силна самодисциплина и високи стандарди кон себе. Потсвеста ви испраќа сигнал дека премногу се оптоварувате со перфекционизам и потреба за контрола.
Затоа, следниот пат кога ќе сонувате дека доцните на час – не паничете. Наместо тоа, запрашајте се: што моментално во мојот живот ме тера да се чувствувам неподготвено? Одговорот можеби не е во училиштето – туку во сегашноста.
РММ / Freepik