Термо диета: Одличен начин за слабеење во зима

Американските нутриционисти ве советуваат да ја пробате оваа термо-диета, ако сакате да ослабете во текот на студените и зимските денови...

Кога доаѓа зимскиот период, се појавуваат и непотребните килограми. Кога е ладно, се движиме помалку, јадеме повеќе и поминуваме повеќе време во нашите домови. Кога на сето тоа ќе ги додадеме празничните оброци кои се многу чести, тогаш е јасно зошто голем број луѓе добиваат вишок килограми за само неколку зимски месеци.

Сепак, ова не е единствениот проблем. Поради студеното време и снегот, многумина одбиваат да одат во теретана и го одложуваат тренингот, така што елиминирањето на килограмите станува буквално невозможно. Затоа ви претставуваме термо-диета која е специјално создадена за да им помогне на луѓето кои добиваат на тежина во текот на зимата.

Термо-диетата се базира на тоа вашето тело да користи енергија за да се загрее. Ако ви е ладно, вашето тело ќе согорува калории за да ја загрее температурата на вашето тело до идеалните 36,6 степени. Оваа диета се базира на логиката дека треба да го искористите студеното време за вашето тело побрзо да согорува масти.

Американските нутриционисти се сигурни дека со помош на студот можете да го зголемите внесот на калории за најмалку 50%.

Сè што треба да направите е да шетате на студ по еден час секој ден. Кога сте дома, испијте неколку чаши вода, но со мраз, и еднаш дневно се бањајте со ладна вода. Секако, погрижете се да не настинете и не се изложувајте премногу на студ.

„Вашето тело е како камин, кога е ладно ви требаат многу дрва за да запалите оган и да создадете топлина. Но, кога ќе го вклучите грејачот дома, на вашиот камин ќе му требаат многу помалку дрва за да го одржувате да рика“, рече еден од нутриционистите и додаде дека со овој метод можете да изгубите до 8 килограми неделно.


FOTO: Fripik