Внимавајте на овие 5 работи и вашата љубов ќе цвета! Пет совети кои водат до среќна и долга љубов

Еден американски автор со години ги истражува човечките односи помеѓу мажите и жените, нивните начини на размислување, нивните преференци и постапки. Неговата цел е да им помогне на мажите подобро да ги разберат жените, за да имаат повеќе секс и љубов, а помалку расправии и тензии. Тој раскажува за неговиот начин на кој ги разбирал жените.

„Како и многу мажи со отсутни татковци, пораснав знаејќи повеќе за жените отколку за мажите. Се сеќавам како си играв во кујната додека мајка ми и неколку сосетки разговараа за своите грижи поврзани со мажите во нивните животи. Сите изразуваа одредено ниво на разочараност. Некои беа разочарани затоа што немаше доволно блискост во врската. Други се жалеа дека мажите не биле толку успешни колку што се надевале.

Мојот татко беше еден од мажите кои не беа емоционално блиски и кои имаа проблем да задржат работа. Тој беше драматург и актер. Со мајка ми се преселија во Калифорнија од Њујорк, каде што се надеваше дека ќе се пробие во тогаш новата телевизиска индустрија. Но работните места беа ретки и тој стануваше сè пораздразлив, вознемирен и лут. Исто така, сè повеќе се повлекуваше и паѓаше во депресија.

Сигурен сум дека дел од причините поради кои станав терапевт, специјализиран за помагање на мажите и на жените кои ги сакаат, беше желбата подобро да разберам што сакаат жените и како мажите можат да бидат подобри сопрузи. Сакав да знам и што сакаат мажите и како жените можат да бидат подобри партнерки.“

Водејќи се по својата лична приказна тој ги презентира заклучоците и поуките кои ги извлекол од анализирањето на жените во неговиот живот:

1.Жената сака маж на кој може да му верува

Ова е најважното нешто што една жена го бара кај мажот. Не станува збор само за тоа: „Може ли да му верувам дека ќе ми биде верен?“ туку и: „Може ли да му верувам дека ќе биде искрен за тоа кој е, дека ќе се појави навреме и ќе го направи она што го ветил?“ Експертите за односи велат дека тоа не се добриот изглед, „плочките“ на стомакот или големата банкарска сметка. „Работа број еден што ја бараат жените е едноставна: доверливост.“

2.Жената сака маж со кој се чувствува безбедно

Мажите сакаат сигурно пристаниште – жена која му верува доволно за да го пушти блиску, да се допрат длабоко – телесно, ментално и духовно. Но за да се случи тоа, жената мора да се чувствува безбедно со својот маж. Сржта на безбедноста е довербата – да знае дека мажот е тука за неа и дека може да смета на него да го направи она што го кажал. Жените треба да знаат дека нивниот маж ќе ги заштити – не само од другите, туку и од сопствениот гнев.

3.Жената сака маж кој ги разбира нејзините вродени стравови

На едно предавање авторот ги прашал мажите: „Колкумина од вас некогаш сте се плашеле за својот живот или физичка безбедност?“ Само неколку мажи кренале рака. Кога истото прашање им го поставил на жените, речиси сите кренале рака. Нивните стравови не биле само нешто од далечното минато, туку биле присутни и во сегашноста.Разбирањето на вродените стравови на жената и нивното непотценување е од суштинско значење за мажите.


4.Жената сака маж кој е усогласен со нејзините потреби

Готманови го нудат акронимот „A-T-T-U-N-E“ за да им помогнат на мажите да обрнат внимание на овие важни однесувања:

-Attend (Посвети внимание) – Дај ѝ го своето целосно внимание кога сака да разговара. Тоа значи внимание само за неа, не поделено со телевизор или други активности.

-Turn Toward (Свртете се кон неа) – Физички свртете се кон неа. Жените ја поврзуваат интимноста со комуникација лице в лице и контакт очи во очи.

-Understand (Разбери) – Усогласи се со тоа како се чувствува. Одолеј на искушението да се обидеш да го „поправиш“ проблемот. Прашај, обиди се да разбереш што чувствува и што ѝ е потребно.

-Non-defensive listening (Слушање без одбрана) – Оваа вештина е клучна кога жената е вознемирена поради други, а уште повеќе кога е вознемирена од тебе. Наместо да се оправдуваш, слушај.

-Empathize (Сочувствувај) – Чувствата не се ниту исправни ниту погрешни. Ако е лута, усогласи се со лутината; ако е повредена или исплашена, усогласи се со тоа што го чувствува. Сочувствувањето не значи дека се согласуваш со причината, туку дека ја признаваш емоцијата.

5.Жената сака маж кој може да се носи со емоционална вклученост

Во еден експеримент биле набљудувани осумгодишни момчиња и девојчиња додека играат. Момчињата уживале во играта „опсада“, каде едно момче ја имало топката, а триесет други го бркале додека не морал да ја предаде. Имало многу груба игра и смеа. Во еден момент, едно момче почнало да плаче, а друго момче кое се прогласило за лидер, извикал: „Застанете сите!“ Го прашал другиот што не е во ред. Преку солзи, тој рекол дека никогаш не добивал шанса да ја носи топката. Лидерот веднаш го решил проблемот: „Во ред, ајде пак, но овој пат тој да ја носи топката.“ И играта продолжила.

Група девојчиња, пак, си додавале топка кога едно девојче почнало да плаче. „Што не е во ред?“ прашало едно девојче. „Ми ги повреди чувствата,“ одговорило другото. Ова било почеток на сложен разговор за пријателството, чувствата и тоа што се очекува од најдобрите пријателки. Сите девојчиња се вклучиле и разговарале за тоа како се запознале, кој на кого му е близок, па дури и за тоа за кого се надеваат дека ќе се омажат.

За момчињата, играта е суштината, а емоциите се пречка што брзо треба да се реши за да продолжи играта. За девојчињата, играта е само контекст за односите – разговорот и споделувањето чувства се главниот настан.

Повеќето мажи никогаш нема да уживаат во емоционалното споделување колку што уживаат повеќето жени, но мажот може да ги „прошири“ своите емоционални мускули и поцелосно да се вклучи со жените кои му се важни во животот.

Извор: Menalive.com

Фото:Freepik