Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Првиот пробиотски јогурт на домашниот пазар Баланс+ ја препознава клучната улога на младите лекари во едукацијата за здрави навики

Баланс+, како бренд кој долги години ја промовира важноста на здравите навики и грижата за целокупното здравје, оваа година го поддржи меѓународниот Симпозиум на млади лекари, настан што обедини повеќе од 150 млади доктори од земјава и угледни медицински предавачи. Симпозиумот понуди богата програма исполнета со предавања и дискусии посветени на современите медицински практики и предизвиците со кои се соочуваат новите генерации здравствени професионалци.

Препознавајќи го значењето на едукацијата и континуираниот професионален развој, присуството на Баланс+ на овој симпозиум претставува природен чекор во поддршката на теми тесно поврзани со здравите навики и оптималното функционирање на организмот. Како бренд кој ја истакнува важноста на балансираната исхрана и секојдневната грижа за дигестивното здравје, Баланс+ активно спроведува едукација за добрите нутритивни навики и ја препознава значајната улога на младите лекари во подигањето на свесноста кај населението за здравиот начин на живот.

Поддршката беше насочена кон поттикнување на размената на знаења и искуства меѓу медицинските професионалци, како и кон унапредување на заедничките напори за подобро јавно здравје.

Д-р Александра Георгиева од Здружението на лекари специјализанти истакна: „Симпозиумот ни овозможи извонредна можност да размениме искуства и да се запознаеме со најновите сознанија во современата медицина. Особено ја цениме поддршката од Баланс+, бренд кој гради долгорочен однос со медицинската заедница и ја препознава важноста на превенцијата и здравите навики. Ваквите партнерства ни овозможуваат да ја подигнеме свесноста кај населението и да придонесеме кон поодржлива и поквалитетна здравствена иднина.“

Вредноста на оваа соработка дополнително произлегува од докажаната формула на овој пробиотски јогурт кој 15 години веќе постои на пазарот, а кој е составен од две пробиотски култури (LA и BB) и пребиотик олигофруктоза, што придонесува за довербата што брендот ја гради со медицинската заедница. Ова создава стабилна основа за долгорочна соработка која се темели на заедничката цел – поддршка на превенцијата и унапредување на здравствената култура кај населението.