Згодната Зорана „фатена“ со светски познат фудбалер: Позираа на исти места, мрежите „горат“

За Елој не се знае многу, со оглед на тоа што приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста

Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зорана, моментално е во Америка, но судејќи по фотографиите не е сама.

Имено, бидејќи на твитерџиите ништо не им „бега“, Зорана се сликала на одредени места, каде се фотографирал и познатиот фудбалер Елој Рум кој настапува за клубот „Колумбус“ во МЛС лигата.

Додека Зорана опуштено позирала и ги споделувала фотографиите на Инстаграм, на следбениците им требало малку време да поврзат сè и да заклучат дека се на исто место и во исто време.

За Елој не се знае многу, со оглед на тоа дека приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, но се знае дека има ќерка, а нивните најубави моменти често ги споделува со своите фанови преку социјалните мрежи.

Дали згодната инфлуенсерка е во врска со познатиот фудбалер засега не е потврдено, но самата помисла на тоа ги „запали“ мрежите.

Извор: www.telegraf.rs