Брилијантниот Армани: Евтин чивт обувки е лоша инвестиција

Џорџо Армани е еден од најмоќните светски познати дизајнери. Го креираше стилот кој го носиме денес, а не сме свесни дека таа мода некогаш била многу поинаква. Докажано е дека лукзусното не мора секогаш да биде неудобно и тесно, а неговиот стил е синоним за деловна шик и префинета елеганција. И да! Тој креира најдобри костими за мажи. Скапи се, но со нив дизајнерот ви подарува безвременост.

 Прочитајте ги непроценливите совети на Армани со кои нема да бидете само забележани, туку и секогаш запаметени!

1. Сржта на елеганцијата не е да ве забележат, туку да ве запаметат

 Џорџо Армани станал толку популарен во текот на неговата работа во Холивуд. Модниот свет почнал да зборува за него по филмот Американски жиголо од 1980 година, каде Ричард Гир бил облечен во Армани од глава до петици. Сите мажи на светот веднаш сакале да изгледаат како овој актер. Почнале да носат јакни, панталони и машни со Армани етикета. 

 2. Разликата меѓу стилот и модата е – квалитет 

  Специјалностите на Армани се совршен рез, мека ткаенина и минимализам. Тој, како и други големи креатори смета дека „едноставноста“ е клучна за вистинска елеганција. Целата облека на дизајнерот е позната по својата елеганција и складна единствено со својот сопственик. 

  3. Евтин чивт обувки е лоша инвестиција

 Чевлите се основа на вашата гардероба.

4. Да изгледате секси е прашање на самоувереност

Тоа е прашање на умот исто колку и прашање на телото. 

  5. Не трудете се премногу при избирањето на облека 

 Оние кои најмногу ја следат модата изгледаат како ниту малку да не се потрудиле околу својот изглед. 

  6. Црната и темно- сината „доликуваат“ повеќе од другите бои 

 Користејќи ги овие бои можете себе да си дозволите да експериментирате со облици и текстури. 

7. Парфемот е многу повеќе од екстракт

 Тоа е присуство на апстракција „Парфемот за мене е мистика“, рекол еднаш познатиот креатор

 8. Изберете неутрални ткаенини без светли украси 

 Ќе ви служат, гледано од моден агол. 

 9. Мојата филозофија секогаш им била од помош на жените и мажите да се чувствуваат удобно и самоуверено во облеката која ја носат“ 

 „Верувам дека стилот е единствен луксуз кој навистина е посакуван“, вели модниот магнат.