Му дозволува на сопругот да спие со други жени: Знае кои му се партнерки, летуваат заедно, а децата сѐ тоа го гледаат

Жената откри дека таа и нејзиниот сопруг биле во отворена врска во последните 14 години

Даниела истакна дека е многу среќна што му дозволила на сопругот да се гледа со други жени - дури и додека била бремена.

„Моногамијата не е поентата на врската“, им порача Даниела на своите речиси 200.000 следбеници на социјалната мрежа TikTok. Таа изјавила дека таа и нејзиниот сопруг се во немоногамна врска веќе 14 години. Рекла и дека идејата првично потекнува од нејзиниот сопруг, кој и предложил „лежерно“ да излезат со други луѓе.

Даниела признава дека оваа идеја на почетокот ја повредила. Концептот на отворена врска дотогаш и бил непознат, а нејзиниот сопруг бил сигурен дека на овој начин долгорочно ќе им ја зацврсти врската, со оглед на тоа дека од самиот почеток имале силна врска.

Даниела на социјалните мрежи споделува детали за нејзината врска и начин на живот. Таа наведува само две правила кои нејзиниот сопруг не смее да ги прекрши. Првото правило е дека не може да се забавува со пријатели или познаници, а второто е дека споредните партнери никогаш не се внесуваат во семејниот дом.

Се испостави дека овој тип на љубовна врска ѝ прилега на Даниела, со оглед на тоа што таа почнала да се гледа и со други мажи. Таа објави видео од патување со партнерот, додека нејзиниот сопруг останал дома со децата. Таа им објаснила на своите следбеници што им кажуваат на своите деца кога патуваат со други луѓе.

Таа изјавила дека на децата не им ги кажуваат деталите од врската, туку само ги информираат дека мама или тато нема да бидат неколку дена. Децата со нетрпение ги очекуваат ваквите патувања, бидејќи по секое добиваат подарок. Даниела ги опишува овие патувања како бегство од реалноста. Таа тврди дека ваквите патувања и даваат енергија и радост.

@openlycommitted What do we tell the kids? That Mom took three days to do whatever she wanted! #opencommitment #enm #nonmonogamy #nonmonogamous #hawaii #travelwithoutkids original sound - Danielle | OpenlyCommitted


Коментарите на социјалните мрежи беа поделени. Некои ги поддржуваат, а други се револтирани од ширењето на овој начин на живот.

„Јас сум само љубопитен дали и како тоа ќе влијае на децата на долг рок.

„Сакам да слушам за различната динамика на односите, не сум сигурен зошто секој го проектира својот морал во туѓ живот“.

Ова се само дел од коментарите под објавите на Даниела.


ФОТО: Принтскрин Тикток