Нема да ви се верува: Еве колку долго треба да трае сексот за жената да биде целосно задоволна

Истражувањата покажаа дека просечното времетраење на сексот е помеѓу 5,5 и 7,5 минути. Но, дали е тоа доволно жената максимално да ужива во сексот?

Неколку студии потврдија дека кај повеќето парови сексот трае помеѓу 5,5 и 7,5 минути, без предигра, што е важно за целосно сексуално уживање.

Со оглед на денешното брзо темпо на живот, не е чудно што уживањето во интимните моменти со партнерот е сведено на неколку минути, но следните податоци треба да ги мотивираат паровите да разменуваат наклонетост и сексуални односи со саканата личност, а не да ги сведуваат на обична механичка рутина и брза акција.

Имено, за да бидат целосно задоволни и максимално да уживаат во сексот, жените сакаат самиот сексуален чин да трае подолго.

Студијата во Journal of Sex Research покажа дека жените сакаат предигра која трае од 11 до 13 минути, а потоа од 14 до 16 минути пенетрација.

Секогаш ги охрабрувам паровите да уживаат што е можно повеќе во предиграта пред сексот“. „Колку е подолга предиграта, толку е поголема возбудата и полесно ќе се доживее оргазам“, советува сексуалниот и брачен терапевт Иан Кернер.

фото: freepik