Сите ја коментираат веридбата на Сергеј Трифуновиќ: Кога сите изгубија надеж, се појави таа

Под новата објава на актерот има бројни коментари, ова е само еден од нив

Актерот Сергеј Трифуновиќ објави заедничка фотографија со 23 години помладата вереница Исидора Мијановиќ, која ја запроси пред неколку дена на нејзиниот роденден.

Меѓу познатите, заедничката фотографија на Исидора и Сергеј позитивно ја коментираа Милица Тодоровиќ, Јелена Гавриловиќ, Тамара Тодевска, Слобода Миќаловиќ, Ненад Окановиќ, како и водителот Тарик Филиповиќ кој напиша коментар: „И јас да дочекам снаа.. Веќе почнав да губам надеж“, изјави тој, додека една жена додаде: „Никогаш не изгубив надеж, чекавме и деве дочекавме“, напиша таа.

На сето ова, Трифуновиќ се надоврза со хит одговор:

- Ете сироти вие, се намачивте чекајќи – напиша актерот.

Инаку, има многу позитивни коментари за односот на младата продуцентка и актерот.

Да потсетиме, Исидора и Сергеј се вљубени веќе некое време, а Исидора неодамна објави убава вест на Инстаграм. На нејзиниот роденден ја вери неколку децении постариот актер.

- Време е да ви кажам дека се мажам - напиша Исидора.

Патем, убавата русокоса се занимава со продукциска работа. Сака уметност, природа и животни, што може да се заклучи од нејзините објави на мрежите.

Исидора на јавноста ѝ е позната и по врската со кошаркарот Нино Челебиќ, откако тој ја прекина врската со Теодора Џехверовиќ.

Девојката на Сергеј е поранешна водителка на телевизија Инста, а моментално се занимава со продукциска работа во ТВ Пинк.


Извор: espreso.rs