Ако веќе се фалите дека пиете Дом Перињон, напиете се ваков- да ве видиме
Ако сте обожаватели и уживатели на подобрата страна на животот, целиот тој луксуз и декадентност, специјални и ограничени изданија, овој шампањ дефинитивно ќе ве воодушеви
Создаден како резултат на соработката помеѓу брендовите Булгари и Дом Перињон, Булгари Серпенти x Дом Перињон ограничено издание Роуз 2004 година, ги носи обележјата на креативната директорка Лусија Силвестри и управителот на винарската визба Винсент Чаперон. Ограничен на само четири гајби за целиот свет, овој шампањ може да се купи во Лондон, Милано и Токио и со себе носи голем број специјални детали.
Ултра ексклузивното шише шампањ доаѓа во дрвена кутија што се отвора и ни ја покажува нејзината внатрешност во вистински стил на Булгари. Самиот шампањ е дополнително нагласен со ѓерданот „Булгари Серпенти“ кој се обвиткува околу вратот на шишето магнум, кое е украсено со заводливи мотиви и етикета од розово злато.
Како што дознаваме, ова ограничено издание Дом Перињон Роуз има остатоци од зелен цитрус, како и црвено овошје, во комбинација со топлината на какаото. Сепак, она по што сигурно ќе го паметиме е ремек-делото Булгари, кое со своето нападно присуство веднаш дава до знаење дека е наменето само за оние со најдлабоки џебови.
Цената му е од 230.000 евра. На здравје!