БИЛ ГЕЈТС е дециден: Ќе имаме подолга и смртоносна пандемија- вакцина за сите

 „Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават не е доволна да заштити во единечна доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да примат повеќе од две дози “- рече милијардерот и основач на Мајкрософт- Бил Гејтс во најновото интервју за една американска телвизија.

Пред околу десетина дена, Гејтс апелираше лекови за Ковид-19 и потенцијална вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на „оној што плаќа повеќе“, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

Толку многу го „исплукаа“ ширум светот, и за вакцините и за чипирањето и за 5 Г мрежата, што за  веќе стана секојдневие. Но тоа ни од далеку не ги разнишна неговите ставови во поглед на вакцината против коронавирус.




„Ако едноставно дозволиме лекови и вакцини да одат на оние кои плаќаат најмногу, наместо на луѓе и места каде што им се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и смртоносна пандемија“- додаде милијардерот.