(ФОТО) Видливи траги од болеста: Познатиот холивудски актер изгледа непрепознатливо
Тешко дека постои некој кој не се сеќава на Вал Килмер. Ако ова име ништо не ви зборува, доволно е да кажеме Top Gun или Kiss Kiss Bang Bang. На големото платно го глумеше и легендарниот Џим Морисон. Со децении важеше за срцекршач за сите жени, беше препознатлив по заводничката насмевка, глумеше во некои од најпопуларните филмови и серии.
Килмер денес има 59 години и не го гледаме толку често во холивудски проекти. Причината е болеста со која се бореше подолго време, рак на грло кој му беше дијагностициран во 2015 година. Терапиите оставија видливи траги кај своевремено еден од најголемите заводници во филмската индустрија. Цели две години јавноста не знаеше што се случува со неговото здравје и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата. За болеста призна дури во едно интервју во 2017 година.
Борбата трае и денес. Актерот е забележан и фотографиран во Њујорк, а на грлото му се гледа апаратот кој му го олеснува дишењето.
Иако не сака да зборува за приватниот живот, се чини дека здравствената состојба на Килмер е подобрена, со оглед на тоа што ќе го гледаме во една од главните улоги и во продолжението на филмскиот хит Top Gun чија премиера е закажана за следната година.