КУЌИ ОД 40 КВАДРАТИ: Мали, практични и одлични

Брзиот начин на живот, кој наложува луѓето дома да одат само за спиење, доведува до тоа во светот да има минијатурни куќи. 

Тие изгледаат идилично и се евтини. Малите, енергетски ефикасни куќи се привлечни за поединци кои размислуваат за ресурсите кои се трошат. Истражување кое го направи UCLA покажа дека луѓето најмногу време поминуваат покрај телевизорот или во кујна, а другите простории скоро и да не се користат. За големиот простор кој не се користи, се трошат пари при изградба, а потрошувачката на енергија е двојно поголема.